Тинејџерката Н.С.(18) од Ратково, која е обвинета дека во неделата на 22 септември предизвикала сообраќајна несреќа на патот Оџаци – Ратково, во која загина мотоциклистот Немања Калајџија (33), била сослушана во Вишото јавно обвинителство. На предлог на обвинителството и е одреден едномесечен притвор.

-Таа се товари за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз за кое се предвидува затворска казна до 12 години – вели нашиот извор.

Да потсетиме, Н.С. немала положено возачки испит за ниту една категорија, а по несреќата паднала и на допинг тест, кој покажал дека во моментот на несреќата управувала со „ауди А4“ под дејство на опојна дрога кокаин.

– Н.С се движела од правец на Ратково кон Оџаци и се сомнева дека претекнувала преку полна линија. Потоа налетала на мотор кој се движел по неговата лента. Од здобиените повреди почина мотоциклистот Немања Калајџија – потсетува нашиот извор.