Хезболах потврди дека нејзиниот лидер Хасан Насралах починал. Тие ветија дека ќе ја продолжат битката против Израел.
„Раководството на Хезболах му ветува на највисокиот, најсветиот и најскапоцениот маченик на нашиот пат полн со жртви и маченици дека ќе го продолжат својот џихад со непријателот, поддржувајќи ја Газа и Палестина и бранејќи го Либан и неговиот непоколеблив и чесен народ“, пренесува Скај вести.