Полицијата врши увид на местото на настанот и се обидува да утврди како се случило злосторството. Мажот наводно бил избоден до смрт, објави Катимерини.
Во текот на истрагата, полицијата дошла до шокантно откритие – имено, во реонот околу куќата полицијата пронашла крвава облека во канта за ѓубре, која наводно ѝ припаѓала на неговата 11-годишна ќерка. Таму бил пронајден и нож.
Полицијата се обидува да утврди зошто облеката на девојчето била крвава и дали убиството е извршено со пронајдениот нож.
Трагедијата била откриена во раните утрински часови околу 3 часот и 30 минути, кога неговата ќерка повикала полиција и рекла дека татко ѝ се вратил дома е тешко повреден.
Таа рекла дека се чини дека таткото бил избоден со нож и бил во несвест.
Полицајците излегле на местото на настанот каде пронашле маж како лежи на подот од спалната соба, гол со рана под левата клучна коска.
Покрај ќерката била и сопругата на 68-годишниот маж. Според грчките медиуми, двојката во минатото имала проблеми со семејно насилство.
Според информациите на Прототема, сопругата признала дека го убила сопругот со нож.
Се уште не се познати причините кои довеле до злосторството , но парот одвреме-навреме ги ангажирал надлежните органи за случаи на семејно насилство, што ја натерало полицијата уште од почетокот да ја стави сопругата на жртвата во центарот на истрагата.