Синоќа се случила сообраќајна несреќа на бензинска пумпа во Велика Кладуша во Босна и Херцеговина. Во несреќата учествувале „мерцедес“ и „голф“ кои по ударот практично влетале во бензинската пумпа.

Како што можете да видите на видеото, автомобилот марка „голф“ е целосно уништен и штетата е тотална. Со оглед на тоа дека автомобилот бил целосно уништен, на многумина им е тешко да поверуваат дека возачот преживеал.

„Господ те спасил“, „Изгледа како стуткана лименка“, „Како има овде преживеани?“, напишаа луѓето под видеото.

Возачот на „голфот“ поради тешки повреди е пренесен во Кантоналната болница во Бихаќ, јавува Српскаинфо.

@hass68_n2 #velikakladuša #fyp @Eldin ♬ som original – 🤠

Полицијата изврши увид, а на местото на настанот интервенираа итните служби и пожарникарите кои помогнаа да се извлечат повредените.

@hass68_n2 #velikakladuša #fyp @Eldin ♬ som original – 🤠