Стопанска банка а.д. Битола согласно Глава 6 од Правилата за котација, преку официјално соопштение дистрибуирано преку веб страницата на Македонска берза информираше за измени во органите на управување, пренесува порталот „Банкарство.мк“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски се избрани за членови на Надзорниот одбор на 03.07.2024 година, додека Народната банка издала согласност на 27.09.2024 година, се вели во соопштението.

“Врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-25796/6 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Стевчо Јолакоски.

Исто така, врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-8051/1/II-3 од 3.7.2024 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-27231/8 од 27.9.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Игор Камбовски.” – се вели во објавата.