Три лица загинаа, а 15 се повредени во напад со нож во супермаркет во Шангај вчера, јави државната новинска агенција Ксинхуа.
Жртвите веднаш биле пренесени во болница, но тројца од нив починале. Напаѓачот, 37-годишен маж со презиме Лин, бил приведен од полицијата која добила дојава за инцидентот во 21:47 часот по локално време.
Кинеските власти соопштија дека го уапсиле 37-годишниот Лин, додавајќи дека нападот се случил затоа што тој бил „бесен поради неговите економски тешкотии“. Истрагата е во тек.
– Насекаде имаше крв – изјави за Би-Би-Си очевидец по презиме Кси.
Г-дин Кси, кој води продавница за накит на приземјето на Луду Интернешнл Комерцијал Плаза, рече дека десетици пожарникари и службеници за специјални оружја и тактики (SWAT) влегле во трговскиот центар и побарале од луѓето да се евакуираат.
– Не знаев што се случува, но одеднаш видов луѓе како панично трчаат. Досега не сум доживеал вакво нешто, а ние не бевме психички подготвени за тоа… Овој вид случаен инцидент е застрашувачки и вознемирувачки – рекол тој, додавајќи дека за влакно ја избегнал смртта.
Инцидентот се случил во трговски центар во Сонџијанг, густо населен кварт во југозападниот дел на градот, кој исто така е дом на неколку универзитети.
Полицијата соопшти дека тројцата починати им подлегнале на повредите во болница. Останатите „не се здобиле со повреди опасни по живот“ и се верува дека не се опасни по живот.
Истрагата е во тек.
Шанхай хотод нэгэн эрсупермаркетад хүмүүс рүү хутга барин дайрч, гурван хүний аминд хүрч, 15 хүн шархадсан тухай орон нутгийн хэвлэлүүд мэдээлжээ.
Хэргийн газарт цагдаа нар ирж сэжигтэн 37 настай Лин гэгчийг баривчилжээ. pic.twitter.com/EqHF5Niyb2— Хүрлээ.Д (@Hurlee2) October 1, 2024