Почина девоjчето кое беше повредено во сообраќајна несреќа што се случи во Зета во Црна Гора на 30 август. Ова неофицијално го соопштија од Управата на полицијата, пренесуваат црногорските медиуми.
Потсетуваме, како што претходно соопштија од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа, по несреќата во Ургентниот блок на Клиничкиот центар се пренесени повеќе лица.
Повреденото дете, како што тогаш беше соопштено, било на интензивна нега во Детската болница во Подгорица.
Од полицијата потврдија дека повреденото девојче починало вчера.