Израелските војници синоќа извршија инвазија на територијата на Либан, со цел да извршат „ограничени операции против Хезболах“. Според израелските власти, операцијата ќе трае неколку дена. Претходно имаше силно гранатирање на Либан.

Започна најтешката ноќ, војниците во Либан се повлечени од неколку позиции на јужната граница на земјата, додека израелскиот напад врз земјата веќе започна.

Претходно, жителите на пограничните области и извор од безбедноста изјавија за новинската агенција Ројтерс дека војниците се повлечени на границата во очекување на израелски напад врз Либан.

Израелските вооружени сили (ИД) ја означија областа во близина на границата како „воена забранета зона“. Како што е прикажано на јавно објавената мапа, областа ги вклучува заедниците Метула, Мишгав Ам и Кфар Гилади, во северен Израел.

18.40 Иран го нападна Израел – Ракетите биле лансирани од Иран кон Израел, се наведува во соопштението на израелската армија.

18.56 Лансирани повеќе од 100 ракети – Експлозии одекнуваат во Тел Авив и Ерусалим. Експлозии се слушаат над Тел Авив и звукот на предупредувачките сирени кои лелекаат низ градот.

19.17 Гледајте ја првата снимка од ракетниот истрел на Израел – Израелската армија соопшти дека пред неколку минути биле лансирани ракети од Иран кон Израел.

19.32 Затворен воздушен сообраќај – Израел го затвори воздушниот сообраќај, а Ирак својот воздушен простор, пренесува Ројтерс.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од експлозии кои одекнуваат над Тел Авив.

Израелските медиуми јавуваат дека Иран лансирал повеќе од 100 проектили кон Израел. Не е јасно дали проектилите ги погодиле нивните цели или биле пресретнати на небото над градовите.