Момче (6) од Белград вчера се удавило во базен на познат хотел на Златибор, а според неофицијални информации неговата смрт ja предизвикала пумпата од базенот. Кога момчето нурнало, наводно пумпата го повлекла на дното.

Очевидците на оваа трагедија со сите сили се обиделе да го извлечат детето, но не успеале поради вакумот. За жал, момчето починало.

По наредба на Основното јавно обвинителство Ужице, на телото на момчето е наредена обдукција.

Уапсено едно лице – Полицијата го уапсила сопственикот на фирмата за одржување на базените. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа. Тој беше обвинет за тешко дело против општата безбедност.

Повреденото момче било придружувано од жена, за која постои сомневање дека е неговата баба.

Екипата на „Блиц“ стапила во контакт со хотелот во кој се случила трагедијата, но вработените велат дека не сакаат да даваат изјави за медиумите.