Саша Поповиќ во последно време отсуствува од работните обврски поради здравствени проблеми.

Веста дека Поповиќ е во болница ја потврдија и неговите колеги од Гранд, а Снежана Ѓуришиќ неодамна откри дека Саша се враќа следната недела и ќе присуствува на снимањето.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ успеа да го фати Саша по неговото враќање во Белград.

Инаку, Ѓорѓе Давид претходно откри дека Саша Поповиќ моментално се соочува со здравствени проблеми.

– Моменталната здравствена состојба на Сале е таква што тој нема да се појави денеска, но очекуваме многу брзо да дојде. Маестрално ја подготви целата сезона, ги спакува сите емисии и очекуваме многу брзо да се појави на снимањето – изјави Ѓорѓе Давид.