Почина Павел Каралиев – Патка, познат градски лик, урбана легенда која остави голема трага во живеето во Охрид каде повеќе од три дњцении успешно водеше и беше сопственик на познати кафулиња и ноќни клубови во градот како „Леа“, „Леб и сол“, „Duck“. Секој во свое време исполнет до последното место. Препознатливи по добрата забава, живите свирки, „неизбежно свратилиште“ во вечерните часови за помладите, но и постарите генерации од цела Македонија и пошироко.

Од Павел Патка, како што го викаа охриѓани, се простуваат блиските и бројни сограѓани, познати личности и музичари со кои тој имаше посебен однос.

Една од нив е Енис Хилми, блиска пријателка на Павел која упати емотивна порака.

Нека целиот ‘џез и блуз’ на овој свет бидат со тебе на патот кон звездите. И rock&roll-от, of course. Ти благодариме за сите убавини, најсуптилните хармонии и за трагата што ја остави во срцата на многу генерации.

Еве само пред неколку дена запознавам еден београѓанец во Берлин.Ми вели: Само заради ‘ Duck’ сакав да доаѓам во Охрид. И ајде сега направи го и тамо горе најдобриот клуб, како што само ти знаеш и умееш.

И дочекај не со најшармантната насмевка, со секогаш до срж вистинските муабети и еве може и со ‘ Lascaiatemi Cantare’! И со еден Јаmesson со една коцка мраз. Довидување, пријателе! Енис.