Во несреќа на работното место во Селишта кај Мостар вчера загина 33-годишен работник.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон се наведува дека околу 14 часот и 20 минути во ПС Мостар Југ се случила несреќа во која загинал работник.

„На местото на настанот е испратена полициска патрола, која се уверила во веродостојноста на пријавата, а на лице место биле затекнати Итната медицинска помош и противпожарната служба Мостар. Констатирано е дека Д.С.(1991) смртно настрадал на машина за картон“, потврдија од Министерството за внатрешни работи на ХНК, но повеќе детали за оваа несфатлива таргедија не се познати.

На местото на несреќата излегло дежурното одделение од ПУ Мостар, дежурен обвинител и трудов инспектор.