Поплавите што синоќа и утринава го зафатија подрачјето на Босна и Херцеговина предизвикаа големи материјални штети на повеќе места, а најлошо од сите беше во подрачјето на Јабланица.

Бројна механизација и персонал од рано изутрината се на овој терен кои се обидуваат да стигнат до најпогодените делови од поплавите, каде што пороите однесоа цели куќи.

Во оваа делница се уште се блокирани и главните и локалните патишта, а жителите на Долна Јабланица потенцираат дека во моментов имаат потреба од свеќи и вода за пиење.

Фоторепортската екипа на Klix.ba од утрото е на овие простори и известува за состојбата во Јабланица, но и на други места, а во видеото што ви го пренесуваме можете да видите како овој крај изгледа непрепознатливо во однос на претходните денови.

Засега надлежните служби ја известија јавноста дека на ова подрачје загинале 16 лица, а се стравува дека има уште под урнатините.

Бројни функционери од локално, федерално и државно ниво ја посетија Долна Јабланица и најавија дека ќе бидат ставени на располагање сите расположливи средства за обнова на овој простор.

Покрај институционалната помош, бројни хуманитарни организации отворија и линии за помош, а на граѓаните во оваа област можете да им помогнете преку Pomozi.ba и Црвениот крст.