И покрај тоа што бевме сведоци на голем број онлајн финансиски измами во изминативе години, македонските граѓани продолжуваат да го бараат најлесниот начин за да заработат “големи” пари.

Последна на листата беше апликацијата “Conti”, која се проценува дека однесе неколку милиони евра од нашите граѓани. Според групата на Телеграм, CONTI – Macedonian, во која членуваат над 14.000 луѓе, може да заклучиме дека поголемиот дел од нив имаа вложено пари во оваа пирамидална измама.

Македонските граѓани вложувале од 100, 300, 750 па дури и до 3000 долари. Мал дел од тие граѓани што инвестирале вратиле дел од парите, но најголемиот дел останаа со празни џебови.

Пред да се инвестира во вакви сомнителни пирамидалн шеми, граѓаните мора добро да се информираат, да се консултираат со експерти од финансискиот сектор, а најважно од се е да не се задолжуваат. Финансиската едукација е многу битна.

Админот на групата на Телеграм, CONTI – Macedonian се огласи и порача: