„Губи се од мојот живот“, му викала Снежана Ѓуришиќ на своето момче, гинекологот Вања Милошевиќ пред полн паркинг на белградскиот аеродром.
На Снежана не ѝ беше грижа за камерите кои стојат пред неа, бидејќи беше понижена кога партнерот ја остави сама пред лифт пред сите и брзо одеше за никој да не ги види заедно. Сè се случило вчера на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Имено, недела е денот кога бројни јавни личности се враќаат од настапите низ регионот, екипа на српските медиуми ја пречека и пејачката Снежана Ѓуришиќ. Пејачката не се вратила сама, туку со неа бил и нејзиниот партнер Вања Милошевиќ, со кого пејачката е осум години, како и уште едно лице.
Сепак, ова пристигнување не било мирно, туку нервозата кај пејачката ескалирала од секунда во секунда кога нејзиниот партнер решил да оди пред неа, а не рака под рака со неа, а таа тргнала одвоено со младиот човек кој бил со нив. Вања влегол во лифт додека Снежана го чекала следниот.
При излегувањето од лифтот, Ѓуришиќ го следела Вања додека постојано му кажувала да ја почека, за што тој не се грижел многу, што уште повеќе ја изнервирало пејачката. Таа го следеше додека одеше кон автомобилот и му повторуваше „навистина е страшно ова“, притоа покажувајќи ја раката кон него, а кога се приближи до автомобилот му го даде куферот на својот пријател и рече:
– Па ете што било.Со мене нема да може. Сè да ти е***, сакам да се собереш и да се губиш од мојот живот! Тоа невоспитување… – се дереше Снежана, додека личноста која била со нив ѝ рекол да ја „спушти топката“ поради медиумите, а таа нервозно одговорила:
– Што немој пред нив, па тие видоа дека јас излегувам од другиот лифт. Ќе видиш дека сè ќе се види – рекла Снежана, по што влегла во автомобилот, а нивната расправа сè уште траела и се упатиле кон семејната куќа.