Младиот грчки актер Павлос Вуцинос почина на својот роденден, јавуваат утрово грчките медиуми. Тажната вест ја соопшти неговата пријателка и колешка Ранија Пападаку со објава на социјалните мрежи.

Поточно, актерката на својот личен профил на Фејсбук објави фотографија од нивната стара театарска соработка. Таа, сепак, не ги соопшти причините за неговата смрт. Во натписот на својата објава таа напиша:

„Павлос… Нашиот Павлос… го нема повеќе харизматичното, суперталентирано, интелигентно суштество sui generis, со чувствителност која ја криеше дури и од себе, денес на неговиот роденден. .. Се надевам на некое подобро место. Шокирана, зашеметена, како да сум примила куршум.

– Причините за неговата смрт не се познати, пишува Спирос Пимпилас.