Снимка од надзорните камери објави ТВ21 и таа покажува како избил пожарот во зградата во населбата Чаир. Сепак, не може да се види дали пожарот е подметнат.

Жителите велат дека е во прашање невнимание, односно дека некој од станарите можеби фрлил цигара и запалил хартии и кеси во близина на подрумот. Пожарот гореше повеќе од 30 часа.

Полицијата уапси две лица кои сакале да крадат во зградата каде имаше пожар.

Жителите на зградата сакаат да се вратат во своите станови.