Во местото Добриње на регионалниот пат Какањ-Високо во Република Српска (БиХ) се случила тешка сообраќајна несреќа кога автомобил „мерцедес“ паднал во реката Босна. За жал, во оваа несреќа загинаа четири лица.
Во страшната несреќа загинаа Армин Пушчуловиќ и Бранка Дуспер од Кисељак, Амина Кардаш од Високо и Сара Савиќ од Сараево, пишува Кликс.
Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобило и лицето Б.М.
Потрагата по возилото завршила утрово околу 4 часот кога било забележано во реката Босна, по што започнала операцијата за извлекување на возилото од реката.