Вечерва поларната светлина (аурора бореалис) е видлива од некои делови на Србија и Хрватска. Овој феномен моментално е највидлив од повеќе рурални средини, каде што нема поголемо вештачко осветлување.
Инаку, поларната светлина е феномен кој се формира во горните слоеви на Земјината атмосфера. Најчесто е видлив во поларните предели, а колку е поголемо растојанието од магнетните полови, толку поретко се појавува.
Силните соларни бури можат да ја нарушат радио комуникацијата на Земјата, да ги оштетат сателитите, па дури и да ги нарушат електроенергетските системи.
Ако се набљудува од области поблиску до половите на Земјата, поларната светлина е претежно жолта и зелена, а на пониски географски широчини поларната светлина е почесто црвена.