Далибор Драгијевиќ, братот на обвинетиот за убиството на Данка Илиќ, во изјавата во полиција рекол дека Дејан тој ден работел прва смена во Водовод и дошол дома во 15 часот и 30 минути, пишува Телеграф.рс.
Тој во сведочењето рекол дека забележал дека брат му чудно се однесува и дека подоцна на вестите слушнал дека исчезнало дете.
„Колку што се сеќавам, на 28 март после 16:00 часот Дејан дојде дома со своето сино пежо 307, а потоа видов бела вреќа во багажникот на неговиот автомобил. Го прашав што има во неа, а тој рече дека има дете. Не се чувствував добро, го прашав што прави, какво дете, а тој рече дека детето го прегазил, па го собрал. И нашиот татко Радослав Драгијевиќ ја виде вреќата“, изјавил Драгијевиќ.
Според изјавата до која дојде Телеграф.рс, Далибор го прашал својот брат што има намера да прави со вреќата и детето, а потоа се договориле да ја однесат во напуштена куќа на новиот Злотски пат. Тој кажа и дека таму отишле со автомобил, вреќата ја оставиле на приземје од куќата и се вратиле дома.
Пред да го уапсат, Дејан ми кажа дека вреќата со телото ја зел од куќата каде што ја оставивме и дека ја пренел и ја закопал некаде во близина на Брестовачкиот мост, завршил Драгијевиќ во изјавата.
Обвинението за убиството на малата Данка се уште не е потврдено. Далибор Драгијевиќ почина по само неколкуу дена во притвор.