Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево и Министерството за здравство на кантонот Сараево со информации за смртта на 16-годишно девојче кое почина пред пет дена по компликации предизвикани од вадење заби, пишуваат медиумите.

Колективот на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) изрази длабоко сочувство за смртта на шеснаесетгодишното девојче од Сараево, кое почина по вадење заб во приватна клиника.

Од оваа здравствена установа најавуваат дека ќе побараат вештачење за да се утврди зошто пациентот починал.

„За нас професионалците, колку и да сме подготвени за тоа, смртта е тешка, особено кога се работи за животот на еден млад човек. Затоа раководството на КЦУС и Министерството за здравство на КС побараа внатрешен стручен надзор да се спроведе над лекување на починатиот пациент за да се утврдат сите факти и целосниот тек на лекување“, соопшти КЦУС.

Според првичните информации, на 16-годишната девојка била извршена интервенцијата во приватна ординација, а после тоа нејзината состојба нагло се влошила.