Бизарен случај е снимен во болницата „Фортис“ во Њу Делхи каде се појавил 23-годишен млад човек. Се пожалил на неколкудневни стомачни проблеми, па бил тестиран.

Пациентот објаснил дека конзумирал брза храна на локалниот пазар и се сомневал дека тоа е причина за неговите здравствени проблеми. Немл поим какво изненадување го чека.

Лекарите решиле да направат ендоскопија на горниот дигестивен тракт, а потоа откриле лебарка во тенкото црево, пренесува Business Insider. Се испоставило дека за болката, варењето и гасовите е виновен инсект долг три сантиметри.

„Лебарката во тенкото црево е опасна по живот. Продолживме со ендоскопија за да ја отстраниме. Во спротивно, можеше да предизвика тешка инфекција и потенцијално фатални компликации“, изјави д-р Шубам Ватсија.

Во објавеното видео д-р Ватсија објаснува како тим од експерти ефикасно ја отстраниле лебарката и го спасиле пациентот, пренесува PTI News. Гастроентерологот шпекулира дека инсектот можел да влезе во устата на младиот човек додека спиел, или пак да го проголтал додека јадел.

Овој необичен случај, сепак, не е единствен. Минатата година светските медиуми објавија сензационална вест од Австралија, каде лекарите извадиле жив црв од мозокот на неименувана Британка (64).