Ајварот „Бабина тајна“ се повлекува од пазарот, потврдија за „Блиц Бизнис“, јавуваат утрово српските медиуми. Атлантик Група ги известува клиентите и потрошувачите дека спроведува повлекување на следните производи поради можност за присуство на туѓо тело:
– „Бабина тајна“ ајвар 550 гр, благ, серија 6610290724 со рок на употреба 29.07.2026 година.
– „Бабина тајна“ ајвар 550 гр, благ, серија 6610300724 со рок на употреба 30.07.2026 година.
Производот е пуштен во промет од компанијата Атлантик Група, стои во образложението за повлекување на производот.
Потрошувачите кои ги купиле споменатите производи можат да ги вратат на продажното место, каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат размена на производи.
„Во оваа прилика сакаме да потврдиме и дека ја гарантираме безбедноста и квалитетот на сите останати производи на пазарот. Како одговорна компанија која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, донесовме одлука за отповикување врз основа на високиот квалитет и безбедноста стандарди, со цел да се одржи високо ниво на доверба во нашите производи“, изјавија од Атлантик Група.