Вториот сведок на денешното рочиште за убиствата на Вања и на Панче беше Митре Лазаров, чичко на Зорица, мајката на Вања.
„Ми се јави Зорица ми кажа дека Вања ја нема. Ми кажа дека телефонот покажува дека е во близина на Силбо. Јас тука живеам, веднаш излегов со велосипедот. Дојде и полицаец заедно со Александар. Ако е убиена Вања ќе се убијам и јас, ми рече таткото на Вања. Ми беше сомнителен. Му реков „земи утепај се ти“, рече Лазаров.
Обвинителка: Зорица од кога живееше во тој стан?
„Летото, таа го реновираше тогаш. Од една соба направивме две за децата“, рече Митре Лазаров.
Обвинителка: Тој стан беше на Зорица?
„Јас така знам. Беше на брат ми, па ѝ го препиша на Зорица“, рече Митре Лазаров.