Стравична трагедија се случи во соседна Грција каде камионет што го управувал 84-годишник излегол од споредна улица и му го пресекол патот на 47 годишен лекар кој управувал мотор и кој загинал на лице место.
Неговите колеги од болницата Ламија се шокирани од смртта 47-годишниот хирург кој вчера попладне толку неправедно „замина“ во страшната сообраќајна несреќа во Ламија.
Тој во четвртокот на 17 октомври напладне се враќал дома по тешка смена кога наеднаш од споредниот пат излегло селско возило и се судрило со неговиот мотор. Неговата смрт била моментална.
„Неговата смена заврши во 9 часот. Да тргнеше во 9 часот наутро, можеби да заминеше на време ќе ја избегнеше фаталната несреќа“, изјави Михалис Ѕанакос, претседател на ПОЕДИН.
Но, докторот, надзорник на Хирургија II не заминал на време од работа. И покрај тоа што бил исцрпен, иако неговата смена завршила, тој останал во болница покрај своите пациенти и покрај тоа што неговата мајка тоа утро имала рутинска операција.
47-годишникот ја напуштил болницата околу 12 часот, а неколку минути подоцна се случила кобната сообраќајна несреќа.
„Посакувам да умрам“
„Не можам да излезам од дома. Се пикнав и седнав. Не можам да се опоравам. Лежам додека не умрам, разбирате“.
Ова го вели 84-годишниот возач на селското возило кое директно се судрило со моторот на 47-годишниот. Сè уште вкочанет од шокот, тој изјавува дека е уништен од болката што ненамерно ја предизвикал.