Винисиус Тобијас (20), фудбалер на Шахтјор Доњецк кој во 2022 година потпиша за Реал Мадрид како можна идна замена за Дани Карвахал на десната бековска позиција, стана вест на денот поради интимната објава на неговата поранешна девојка Ингрид Лима.
Таа на Инстаграм објави дека Тобијас не е татко на нејзината ќерка, кој претходно го истетовирал нејзиното име мислејќи дека тој е таткото.
– Како што веќе сите знаат, јас и Винисиус не бевме долго заедно, а за време на паузата имав врска со некого. Решивме да направиме ДНК тест и Мајте не е ќерката на Винисиус, откри популарната инфлуенсерка на Инстаграм, потврдувајќи дека нејзината ќерка родена на 8 октомври не е дете на Винисиус Тобијас.
„ЛеоДиас“ пренесува дека Ингрид Лима имала врска со друг маж додека се забавувала со поранешниот играч на Реал Мадрид, кој главно настапувал за Б тимот на Кралскиот клуб, а неговиот единствен настап за првиот тим бил во јануари 2024 година во кралскиот клуб.
Пред да ја дознае вистината, Винисиус Тобијас го истетовирал името на својата идна ќерка („Мајте те сакам“) и гордо објавил дека ќе стане татко со неговата тогашна партнерка Ингрид.
„Планот вроди со плод, светлината на татковството ќе светне врз нас. Денес сакаме да ја изразиме нашата неизмерна благодарност, животот ни даде привилегија да се грижиме и сакаме едно вакво посебно мало суштество. Промена на пелени, непроспиени ноќи и бескрајни насмевк. Подготвени сме за оваа нова фаза, тестот беше позитивен и нашето мало чудо ќе пристигне наскоро“, напиша тој тогаш на социјалните мрежи.
По две години во Реал, Тобијас летово се врати во Шахтјор, а досега настапуваше за сите младински селекции на бразилската репрезентација.