Блискиот пријател и фризер на трагично починатиот Лиам Пејн, Лук Бенсон, проговори за проблемите што ги имал пејачот.
Откако веста за неговата смрт ја шокираше јавноста, близок пријател реши да открие во каква состојба бил пејачот. Бенсон тврди дека Пејн бил „толку болен што не можел да оздрави“ и дека неговата огромна популарност била еден од факторите за неговата неможност да се опорави.
“Не можам да верувам. Ти благодариме за најубавите моменти. Некои од нас имаа среќа да ја видат најдобрата верзија од тебе. Многу ми е жал. Не ја избра оваа страна на славата. Ве молам не коментирајте или да погодувате што се случило ако не знаете. Бидете љубезни. Беше толку драг, но беше толку болен што не можеше да оздрави, што доведе до некои работи што не требаше да ги направи. Беше во заблуда и имаше преголема доверба во луѓето. Не заборавајте дека на многумина им беше пријател“, рече Бенсон на социјалните мрежи.
Откако во една прилика беше во болница, Лиам преку Јутјуб им се заблагодари на оние кои беа покрај него.
“Дефинитивно направив многу грешки и од нас петмина некој мораше и за жал мене ми падна тоа. Би сакал да им се заблагодарам на другите момци што беа покрај мене бидејќи ниту еднаш некој не кажа нешто негативно”, рече Лиам тогаш зборувајќи со другите членови One Direction.
Потсетуваме, Лиам Пејн загина трагично откако падна од балкон на хотел во Аргентина. Шефот на итната служба во Буенос Аирес откри дека пејачот починал од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот. Според истрагата, Пејн најверојатно не бил свесен за падот.
Исто така, претходно изјавија дека се укажува на тоа дека музичарот бил сам кога се случила несреќата и дека бил под дејство на дрога или алкохол. Фотографиите од хотелската соба во која престојувал непосредно пред неговата смрт покажуваат скршен телевизор и опојни средства.