МВР информира за жена од Скопје која починала во болница додека била во просторијата за преглед.

-На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември” во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција, информираат од МВР.