Поранешниот ракометар на Металург и репрезентативец на Македонија, Ренато Вугринец е назначен за нов спортски директор на Партизан.
Најголемиот успех во кариерата Вугринец го направи во 2004 година кога успеа со Целје да ја освои Лигата на шампионите истата година како репрезентативец на Словенија со оваа селекција стигна и до среброто на Европското првенство.
„Мило ми е што доаѓам во семејство какво што е ракометниот клуб на Партизан. Живеам во Белград веќе две години и сите сме навивачи на Партизан. Во клубот пристигнаа многу луѓе со големи амбиции и по еден состанок прифатив да ја преземам улогата на спортски директор. Партизан со својата историја и традиција заслужува да биде на патот кон освојување на титули, а верувам дека сите вистински љубители на ракометот во Србија сакаат еден српски клуб повторно да игра во Лигата на шампоните. На нас од Управниот одбор и менаџметот е да обезбедиме што подобри услови за ракометарите. Во кариерата ја освоив Лигата на шампионите и знам колку е важно во екипата да се создаде хемија и сите да се чувствуваат важни, да функционираме како семејство и само така ќе ги оствариме нашите цели“, изјави Вугринец.
Низ кариерата го носеше дресот уште на: Магдебург, Хамбург, Сан Антонио, Марибор, Ал Сад, Леквија, Макаби и Хапоел.