Пејачот на македонски забавни мелодии Влатко Лозаноски – Лозано, стана татко, дознава Фактор од извори блиски до пејачот.
– Синчето се вика Марко. На семејството Лозаноски им ја честитаме приновата, објави порталот Фактор.
На почетокот од месецов Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец. Во дел од моќните стихови на песната се вели:
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.