Семејна куќа ноќва била опожарена во селото Младо Нагоричане во маалото Аљинце, откако оган избувнал во подрумскиот дел од објектот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот го гаснеле екипи на Територијалните противпожарни единиц од Куманово и Старо Нагоричане.

Неколку минути по полноќ на терен излегле две провитпожарни возила со тројца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане и уште петмина пожарникари со едно возило од Куманово.

Изгорени биле подрумските простории, а огнот пожарникарите успеале да го ликвидираат дури во 02:25 часот.

Како што додаваат од РЦУК, причинета е поголема материјална штета, чија висина, заедно со причините за избувнување на огнот, допрва ќе се утврдуваат.