Трагичен инцидент се случил околу 13 часот денеака на Општинскиот стадион на Нафплио, соседна Грција.
Според првите информации, 14-годишно момче под засега непознати околности паднало од трибините на стадионот и починало. Меѓу оние можности што се разгледуваат, е и таа дека не се работи за несреќа, туку за намерен пад.
Брзата помош од Арголида излегла на местото на настанот и го примила телото на момчето, додека полицијата врши увид за утврдување на околностите за неговата смрт.
Вработен на стадионот кој го нашол детето, изјави:
„Слушнав бучава и истрчав. Детето очигледно паднало од голема висина, очигледно од трибините. Имаше изгубено свест, немаше пулс и веднаш повикав Брза помош“.