МВР во својот билтен објави дека вчера вечер во Центар во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу две жени. Сепак, како што дознаваме, се работи за физичка пресметка меѓу две вработени во Агенцијата за филм.
Еве што јави МВР: „На 23 октомври во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 38 – годишната А.М. од Скопје и 39 – годишната Ш.М. од с.Трубарево, Скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
Дознаваме дека пресметката била меѓу две жени вработени во Агенцијата за филм. Не се знае причината за недоразбирањата кои довеле до тепачка.