На главниот пат М5 кај местотк Хан Плоче, во општина Кисељак (БиХ), се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице загинало, дознава порталот „Аваз“.
Во оваа сообраќајка учествувале две патнички моторни возила, автомобил џип „ауди Q8“ и автомобил „опел зафира“.
– Несреќата се случила во 16:55 часот. Во оваа несреќа едно лице загина, а друго е повредено.
Истражни дејствија на лице место вршат полициски службеници на Одделот за криминалистичка полиција на ПП Кисељак во соработка со надлежното Кантонско обвинителство – изјави за порталот „Аваз“ портпаролот на МУП СБК Хасан Хоџиќ.
Сообраќајот на оваа делница од патот се одвива наизменично.