Трагични вести доаѓаат од Франција, од каде соопштија дека Абделазис Барада, поранешен фудбалер на Хетафе со кого играше во Примера и на Олимпик Марсеј со кого беше во Лига 1, почина на 34-годишна возраст.
Поранешниот репрезентативец на Мароко беше член на четвртолигаш од Франција, а според медиумот „Ле360спорт“, се работи за срцев удар, но тоа уште не е потврдено.
Барада играше за Хетафе помеѓу 2011 и 2013 година, постигнувајќи гол против Реал Мадрид и беше асистент против Атлетико. Во текот на тие две сезони, Мароканецот беше важен играч на синиот тим, иако на крајот замина во Ал Џазира.
По краткото време во саудиската лига, Барада заврши во Олимпик од Марсеј, каде беше миленик на навивачите. Сепак, тој пак се врати на Блискиот Исток во 2016 година за да игра за Ал-Наср, каде што сега игра Кристијано Роналдо. По новата авантура во Азија, играчот се врати во Шпанија, поточно во Гимнастик, каде што одигра едвај 145 минути.
Последните мигови во кариерата ги мина во Франција.