Еден полицаец е убиен, а негов колега се бори за живот откако двајцата ги избодело со нож 14-годишно момче во полициска станица во Босанска Крупа, јавија локалните медиуми.
Портпаролот на МВР на БиХ потврди дека малолетник упаднал во просториите на полициската станица и со ладно оружје убил еден и тешко ранил уште еден полицаец.
Момчето кое го извршило убиството е приведено, пишуваат медиумите.
Во тек е увидот на местото на злосторството.