Малолетник (15) ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа и убил полицаец, а еден тешко ранил.
Наводно, како што објавуваат вечерва босанските медиуми, убиен е Огњен Маран од Босански Нови, додека Авдо Хасановиќ од Босанска Крупа е ранет и тој е пренесен во кантонската болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ во Бихаќ.
– Со ладно оружје, нож, ги избодел и есниот и другиот полицаец. Едниот подлегнал, другиот се уште е на обработка во Кантоналната болница.
Сторителот на ова страшно злосторство е лишен од слобода. По истражните дејствија ќе можеме да кажеме повеќе за овој настан, како и за мотивот на нападот – изјави за порталот „Аваз“ Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК.
На терен излегле припадници на Специјалистичката единица, поголем број припадници на униформираната полиција, како и инспектори на МУП на УСК.