Две лица, за кои се вели дека се брат и сестра, се убиени синоќа во црногорското село Соколац, во близина на Бело Поље. Од МВР на Црна Гора наведуваат дека сторителот на делото е во бегство. Според неофицијални информации од МВР на Црна Гора, сторителот на двојното убиство е повторник при извршување на кривични дела.
– Сите расположливи полициски единици на Регионалниот центар за безбедност „Север“, единиците за контратероризам, полициските кучиња и хеликоптерската единица на МВР и Армијата на Црна Гора се ставени на располагање и преземаат интензивни активности за лоцирање и лишување од слобода на ова лице – соопштуваат од МВР Црна Гора.
Во вестите се наведува дека жртвите се брат и сестра на возраст од околу 50 години.
Полицијата апелира до граѓаните на Бело Поље, а особено до жителите на село Соколац да останат дома и да не пуштаат непознати лица во домовите додека трае потрагата.
Исто така, полицијата ги повика граѓаните да пријават било какви информации потенцијално поврзани со кривичното дело.