Актерката Јелена Ступљанин (46) во 2019 година се омажи за пет години постариот колега Бојан Димитријевиќ, а сè беше направено во строга тајност и далеку од очите на јавноста.

За љубовниот живот на Јелена не се знае многу, а актерката и нејзиниот партнер пет години се борат за потомство.

На оваа тема неодамна проговори и актерката и како што вели сето тоа ѝ е многу тешко.

– Во еден момент сфатив дека мојата потреба да бидам во добри односи со сопругот Бојан, здрав однос во нашето семејство, е посилна од тоа што на тежок начин се борам со тоа што не можам да забременам – рекла Јелена.

Јелена: „Тоа влијае на нашата врска“

Како што изјавила, стресната борба за потомство некако влијае на нивната заедница.

– Не можам да кажам дека ја загрозува нашата врска, но вистината е дека влијае на еден дел. Многу зборувавме за тоа. Сфатив дека ми е поважно да имам квалитетен однос со сопругот отколку што било друго. Доста ми е – изјавила Јелена.