Мајка и две деца загинаа во пад од Нијагарините водопади, а полицијата се сомнева дека прво скокнало детето (9), па мајката со бебето во раце потрчала по него.
Трагедијата се случила во понеделникот вечерта. Полицијата добила повик околу 21 часот. Инспекторите утврдиле дека Кијанти Минс (33) и нејзините две деца на возраст од девет години и пет месеци загинале.
Утврдено е дека ја прескокнале заштитната ограда на островот Луна и се приближиле до водопадите. Полицијата верува дека детето (9) прво скокнало, а потоа мајката се фрлила со бебето.
Се претпоставува дека детето намерно скокнало, но полицијата се уште ги истражува сите околности на овој настан. И покрај брзата реакција на надлежните, мајката и децата не можеле да се спасат.
Полицијата сега се обидува да утврди што се случило во деновите пред скокот. Како што соопштија надлежните, пронајдено е возилото на мајката во кое имало лични работи.