Нешто пред 12 часот се случила страшна несреќа на градилиштето на железничката станица во Нови Сад, а како што се дознава има многу загинати, објавуваат дел од српските медиуми.

– Како што дознава нашиот репортер од местото на настанот, бројот на загинати е зголемен на 9, а на повредените над 20. Меѓу повредените има и деца. До несреќата дошло по уривање на настрешницата лоцирана над влезната врата на железничката станица, објави порталот Србија Денес, но потенцираме дека оваа информација НЕ Е ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНА засега од ниту еден официјален извор.

Дел од потиражните белградски медиуми објавуваат дека има загинати, без точно да прецизираат за колкава бројка станува збор, односно истите објавуваат неофицијална бројка на 3 до 5 загинати лица.

На терен се голем број на итните служби, како и механизација која почна да работи на терен.