Надзорните камери го снимиле моментот кога настрешницата паднала од Железничката станица во Нови Сад. Екипи на Брза помош и полиција се на терен, а според првичните информации има загинати лица, но точната бројка засега никој не ја знае.

Несреќата, да потсетиме, се случила нешто пред 12 часот кога се урнала настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Настрешницата што падна е изградена во 1964 година.

Кога падна настрешницата, на клупите долу седеа голем број луѓе. Од Итната помош велат дека во моментов не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.

Ве молиме имајте предвид дека ова видео е вознемирувачко.

View this post on Instagram

A post shared by Dnevnik (@dnevnik.rs)