На железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 лица при уривање на дел од настрешницата, а меѓу загинатите се и Милош Милосављевиќ – Киви (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20).

Фудбалскиот клуб „Потисје“ за кој настапуваше Милош со потресна порака се прости од соиграчот и неговата девојка.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20) го загубија животот во страшната несреќа во Нови Сад. Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот во догледно време „Почивајте во мир ангели, никогаш нема да бидете заборавени“, соопштија од клубот со заедничката фотографија на Милош и Анѓела.

Луѓето потресени од тажната вест изразија сочувство до нивните семејства и пријатели, а во коментарите имаа само пофални зборови за овие млади луѓе.

“Зошто Господ ги зема најдобрите луѓе, тој беше олицетворение на добрината, толку сладок и позитивен!! Почивај во мир Мишко наш! Никогаш нема да те заборавиме”, “Нема што да се каже за тоа што се случи“, се дел од коментарите.