Синоќа беше објавено второто видео од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, а на него може да се види важен детал кој јавноста немаше можност да го види на првото видео кое беше објавено на првиот ден од трагедија.

Првата снимка е од самата зграда и од таа перспектива може да се видат луѓе кои поминуваат, доаѓаат и си одат, некои седат на клупи, стануваат и потоа настрешницата паѓа и пропаѓа се под неа. Од таа страна не може да се види како всушност се случила трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, па не може ни јасно да се види каде почнало пукањето и како настрешницата паднала врз несреќните луѓе.

Второто видео кое беше објавено вчера дава нова перспектива и нов поглед на целата трагедија. Тоа точно покажува од каде почнува се.

По прегледувањето на видеото, со внимателно гледање, јасно се гледа дека уривањето почнало прво од десниот крај на настрешницата, по што се руши и остатокот.

Бетонскиот покрив паѓа и челичните држачи што ја држат попуштаат пред да падне. Тие се откачени од покривот на кој биле прицврстени и исто како и настрешницата, прво попуштаат оние од десната, а потоа и оние од левата страна.

View this post on Instagram

A post shared by MOJ BEOGRAD – 2 (@moj_beograd2)

Сето ова предизвикува целосен колапс и за дел од секундата целата настрешница е на земја.