Голем инцидент се случил во скопски центар, поточно пред дискотеката во близина на Државната болница. Биле нападнати млади лица на околу 20 годишна возраст, објави порталот Фактор.мк.
Според кажувањата на мајката на едно од нападнатите лица, Д.С. нејзината ќерка со нејзиното момче, и нивниот другар, во 1.30 часот, сакале да влезат на забава за Халоуин што се организирала во дискотеката 12-12.
Кога пристигнале, сакале да влезат, но биле вратени со образложение дека немаат резервација. Но, по кратко време, хостесата им рекла дека ќе може да влезат, на што нападнатите рекле дека веќе е доцна и дека ќе си одат.
„Тогаш еден од тројцата обезбедувачи го нападнало момчето (22) на ќерка ми, заради тоа што зборувало со хостесата и му удрил бокс, заради кој момчето ја дупнува главата. Ќерка ми (20) скокнала да го одбрани, но и таа добила бокс, по што паднала и ја расцепила устата. По тоа, тројца му се нафрлиле на момчето и го тепале“ вели мајката на нападнатата девојка.
Таа додава дека момчето што било со нив, се приклучило да помогне и да го одбрани натепаното момче. Некој од присутните успеал да го сними инцидентот по што им ја дал снимката.
На снимката се слуша девојката како вреска. Вечерта биле во болница, каде им биле третирани раните, а случајот е пријавен во полиција.
Нападнатата девојка вели дека на ниту еден начин не придонеле за да бидат нападнати. Вели „само затоа што зборуваше мојот дечко со хостесата, тој не нападна.“
„Сите тројца беа на возраст од околу 25/26 години, едниот од нив прво го удри момчето, па мене, но јас откако бев удрена не можев да помогнам“, вели таа. Потоа, како што вели, уште двајца од обезбедувањето му се фрлиле на момчето.
Вели дека откако повикале полиција, напаѓачите избегале. Според неа биле вратари во дискотеката.
„Беа големи момци, навистина поголеми од нас“, додава таа.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека „денеска (01.11.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, М.М.(20), М.С.(20) и Н.Ч.(22) сите од Скопје пријавиле дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар М.М. и М.С. биле физички нападнати од едно лице, а Н.Ч. бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.