„Ангела, наш ангелу, животе, па зошто, зошто, зошто? Останав нема мила моја, ти отиде на роденден, а си остана под урнатините, мило наше дете. Почивај во мир срце наше. Драг мој брату, мора да бидеш силен“

Ангела Руман, 20-годишната девојка од Стара Пазова која загина во страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад, е внука на познатата пејачка Наталија Ибраимов, членка на вокално-танцовата група „Трик Еф Икс“.

„Ангела е ќерка на мој братучед. Дојде во Нови Сад да го прослави роденденот на своето момче Милош, беше многу среќна. До неа во моментот на трагедијата било и нејзиното момче, заедно седеле на клупата. И двајцата починаа. Не ми се верува дека одеднаш ја нема, дека таква ѝ била судбината.. На братучед ми не му е добро, ниту мене, ова е страшна семејна трагедија. Жал ми е, не можам да зборувам. Премногу е тажно“, изјавила пејачката за српски „Информер“.

Покрај Ангела и милош, уште 12 лица, меѓу кои и деца, загинаа во несреќата откако се урна настрешницата на железничката станицата во Нови Сад.