Латас објави видео од приватна журка во Дубаи, која се одржала пред недела дена. Во описот на видеото, Латас иронично напиша:
“Да е жива опозицијата и сметките на опозицијата, ние овде кој како може.”
Латас со својата саркастична забелешка допре до прашањето за финансиите на опозицијата и начинот на кој политичките личности го минуваат своето слободно време.
На видеото, јасно се гледа како поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче се забавуваат во луксузно опкружување, во друштво на познатиот пејач Харис Џиновиќ.
Видео, приватна журка во Дубаи пред недела дена. Да е жива опозицијата и сметките на опозицијата, ние овде кој како може pic.twitter.com/hzpWQzLLaH
— Латас (@LatasNews) November 3, 2024