Со голема тага дознаваме дека нè напушти Слободан Трајковски – Касандар.

Познат во пошироката заедница по својата огромна љубов кон природата и планините, кон спортот, кон велосипедизмот, промотер на овие активности и убавини. Почитувач на Ехо и учесник во програмата, кој во 2015 година со нас го сподели и својот филм „Слобода на 2 тркала“.

Познат по својата огромна љубов кон Македонија, посетувајќи и уживајќи со своите пријатели и семејството во многу краишта на нашата земја, познати и непознати за нас – што ни беше многу инспиративно и можеме само да ветиме дека како Фестивал секогаш ќе останеме платформа посветена на „Македонствувањето“…
Длабоко сочувство кон семејството- објави ЕХО Фестивал на планински филм.

Професорот по историја, омилен кај учениците беше голем вљубеник во природата, подвижна енциклопедија за Македонија, земјата која ја сакаше со цело срце. Секој викенд откриваше ново место од татковината.

Слободан Трајковски – Касандар. сценарист на документарниот филм „Слобода на две тркала“, снимен во 2015 година, во кој и лично се појавуваше.

Трајковски не напушти по тешка операција од која не се разбудил.

Нека почива во мир!