Најмалку две лица биле убиени во пукање во Подгорицa. Првичните информации говорат дека се работи за пресметка меѓу криминалните кланови.
Напаѓачите биле во автомобил на Опел кога отвориле оган врз возило БМВ во движење, објавија српските медиуми.
Според неофицијални информации, убиени се П.Л. и Ж.П. од Кавачкиот клан.
Ж.П. истражниот затвор во Спуж го напушти на 25 октомври, бидејќи поминаа три години од подигнувањето на обвинението, а првостепената пресуда не е донесена.
Соговорниците на Вијести тврдат дека жртвите биле во „БМВ“ кога тројцата напаѓачи отвориле оган врз нив, откако излегле од автомобилот „опел“.
Возилото користено во нападот, кое потоа беше запалено во Мареза, имало три маскирани лица“, тврди соговорникот на Вијести.
Наводно, станува збор за продолжување на војната меѓу кавачкиот и шкаљарскиот криминален клан.
Истите соговорници тврдат дека биле застрелани членови на кавачкиот клан од Цетиње.