Голем пожар избувана во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода.
Како што дознаваме, пожарот избувнал уште ноќеска, а пожарникарите сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Црн чад се крева од објектот. Екипите во моментов се обидуваат да ги извлечат запалените вагони и да ги гаснат надвор на отворено.
Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.
Штетата дополнително ќе се утврдува, засега нема информација за повредени.